Бремената американска ѕвезда Кети Пери одлучи која ќе биде кума на нејзиното бебе! Имено, таа и актерот Орландо Блум очекуваат девојче, а Кети ја покани тоа да биде својата долгогодишна пријателка, славната актерка.
Веќе претпоставувате – станува збор за Џенифер Анистон!
Многумина се убедени дека Џен ќе биде фантастична кума, затоа што е позната по тоа колку ги сака децата. Според странските медиуми, Џенифер пролеа солзи на радост кога Кети побара од неа да биде кума на девојчето. Патем, таа е исто така кума на Коко Аркет, ќерка на нејзината најдобра пријателка Кортни Кокс.