Британската манекенка Кара Делевињ (27) е една од најбараните и најуспешните модели денес, па не е изненадувачки што таа најде нова љубов.
Според американските медиуми, нејзината нова девојка е манекенката Каја Гербер (18), која е една од најпопуларните на планетата и околу која се борат дизајнерите, инаку ќерка на Сидни Крафорд!
Двете убавици беа видени заедно пред два дена во Лос Анџелес, на протестот „Black Lives Matter“, и цело време се држеа за раце и се гушкаа, а тоа нормално го забележаа и папараците.
Гербер претходно беше во врска со контроверзниот Пит Дејвидсон, поранешното момче на Аријана Гранде и Кејт Бекинсаил.