ФБИ е крив за самоубиството на Ернест Хемингвеј

popara5 јули, 20111min00
ernest-hemingway

Писателот и драматург, Едвард Арон Хочнер кој бил голем пријател на Ернест Хемингвеј вели дека ФБИ е крив за самоубиството на големиот писател. Всушност, според него, познатиот Нобеловец страдал од прекумерна анксиозност, а во таа состојба го довеле ФБИ кои постојано го следеле, бидејќи Ернест имал блиски врски со Куба.
Хочнер тоа го изјавил во интервјуто за Њујорк Тајмс: “Погрешно го проценив неговиот страв. По неговата смрт сите велеa дека тој негов страв е ирационален. Сепак во 1983 година, ФБИ објави 127 страници на документи на кои се потврдува дека било вршено надзор на Ернест Хемингвеј”, вели Арон.
Тој изјавил дека Ернест во својата 61 година веќе не можел да се носи со тоа да секој ден му ја проверуваат поштата и да му го прислушкуваат телефонт. Тoj тоa го доживеал како пекол.  “Денес, во потполност сум сигурен дека ФБИ го следел и дека тоа многу придонело за неговото самоубиство, изјавил Арон.
Ернест Хемингвеј во 1954 година ја добил Нобеловата награда за литература, а се прославил со многу романи и кратки приказни како “Збогум на оружјето”, “Старецот и морето”, “Рајската градина”, и многу други. Починал во 1961 година, само неколку дена пред да наполни 62 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma