Приватната вила има 5 спални соби, 6 купатила и базен, а пеjачката има на располагање скутер и брод
Убавицата од Барбадос, r’n’b ѕвездата Ријана (32), не штеди кога е во прашање луксузот, па одлучи привремено да се пресели во познатото место за летување – Хемптонс на Флорида.
Ријана моментално живее во луксузна вила покрај море, каде се смести после повеќе од година дена работење во Лондон на новиот албум.
Вилата во која сега престојува е огромна, а за неа месечно издвојува околу 415.000 долари. Има пет спални соби, шест бањи и приватен базен.
Изолирана е од се и се наоѓа на сред брдо и освен се наведено содржи и канцеларија, а пејачката на располагање има и скутер и брод ако сака да се одтргне од брегот.
Опкружена е со вода, и одличниот имот и обезбедува на Ријана потполна изолација во деновите на пандемијата од корона вирусот.
Според странските медиуми, Ријана после поседокот во оваа вила ќе оди во Малибу, а тоа што е изолирана од светот и што нема фанови кои ја препознаваат и жалат, и тоа како и одговара во овие денови. Токму поради таа причина и се допаѓаше животот во Лондон.