Покрај завидната кариера, таа имаше и бурен љубовен живот.
Шпанската актерка и манекенка Елса Патаки и нејзиниот сопруг, актерот Крис Хемсворт, живеат во среќен брак, а својата среќа не ја кријат и на социјалните мрежи, каде објавуваат заеднички фотографии.
Познатата убавица порасна во Мадрид, а како девојка започна да се бави со новинарство, кое подоцна и го студираше на колеџ.
За време на студиите, таа се запиша на часови по глума и се откажа од училишттое за да ја започне актерската кариера. Таа глумеше во бројни шпански серии и филмови, кои подоцна ја однесоа во Холивуд.
Таа се појави во франшизата филмови „Fast & Furious“ и оттогаш стана сè почеста тема во американските медиуми. Во исто време, започна со манекенство, а поради нејзините улоги во филмовите, таа доби сè повеќе ангажмани.
Покрај завидната кариера, Патаки имаше и турбулентен љубовен живот. Од 2004 до 2006 година, таа беше во врска со францускиот актер Микаел Јун, која ја остави кога откри дека го изневерува. Тој сакаше да ја изненади на нејзиниот роденден додека го снимаше филмот „Snakes on a Plane “ во Канада, но кога пристигна во хотелот, имаше што да види – Елса се бакнуваше со филмскиот продуцент. Само и го дал букетот рози и веднаш се вратил дома.
Таа ја започна својата врска со актерот Адријан Броди во 2006 година, а тој и купи стан во Њу Јорк за нејзиниот роденден една година подоцна. Тие живееја заедно во тој стан извесно време, но во 2009 година љубовта меѓу нив се распадна. Актерот Крис Хемсворт, со кого е во брак денес, ја запозна Елса во 2010 година преку заеднички агенти.