Мозокот е одговорен за вашите мисли и постапки. Но, кога се работи за регулирање на телесните функции, тогаш хормоните ја имаат главната улога.
Или попрецизно, вашиот ендокрин систем – мрежа на жлезди кои произведуваат и ги регулираат вашите хормони, е всушност надлежен за нив.
Сигурно сте слушнале за естроген и тестостерон, основните женски и машки полови хормони.
Но, покрај нив постојат и други кои секоја жена треба да ги знае.
Ова се 7-те женски хормони за кои мора да знаете:
Тироидни хормони
Тие се одговорни за многу внатрешни функции – од апетит и ниво на енергија, до болка за време на менструција. Исто така, тие се извор на ендокрини пореметувања кај жената.
Доколку вашата штитна жлезда произведува повеќе од овој хормон, ќе бидете нервозни, ќе имате зголемен апетит, или зголемено чукање на срцето.
Ако лачењето на овој хормон е намалено, тогаш сѐ е побавно – нивото на енергија паѓа, а менструалниот циклус може да биде подолг и потежок.
Прогестерон
Заштитник на бременоста. Овој хормон ѝ помага на матката да го прифати и да се прилагоди на присуството на семена течност. Прогестеронот значително расте и се намалува за време на менструалниот циклус.
Компликации за време на бременоста, нередовна менструација, како и ниска енергија или зголемување на тежината, се проблеми кои може да ги предизвика овој хормон.
Мелатонин
Овој хормон влијае на спиењето, како и на апетитот и нивото на енергија. Веројатно ќе се чувствувате поспано во текот на денот, а навечер кога вашето тело треба да биде подготвено за спиење, ќе бидете полни со енергија.
Редовен сон и распоред на будење и исхрана, можат да помогнат нивото на мелатонинот да се врати во нормала.
Паратироиден хормон
Го зголемува нивото на калциум и фосфор во организмот, ја зголемува ресорпцијата на калциум во бубрезите и во цревата (преку витамин Д3) и го зголемува излачувањето на фосфор преку бубрегот.
Ниско ниво на паратироиден хормон предизвикува грчеви во рацете или нозете, неправилна работа на срцето, додека пак дехидратацијата, камен во бубрегот и остеопорозата се знаци за зголемено ниво на овој хормон.
Кортизол
Познат е како хормон на стресот, а влијае на меморијата, го контролира нивото на шеќер во крвта, одржува рамнотежа на сол и вода и ги поттикнува или ограничува процесите на воспаление.
Црвенило на лицето, губење на коса, влакна на лицето, остеопороза, како и проблеми во текот на менструацијата, се знаци дека нивото на кортизолот е нестабилно.
Грелин
Хормонот на апетит или глад, ви кажува дека е време за создавање дигестивни киселини и сокови кои овозможуваат разградување на храната која ја јадете.
Вишокот на грелин во крвотокот влијае на прејадувањето, а недостатокот на сон и зголемениот стрес може да го намалат нивото на грелин.
Инсулин
Им овозможува на мускулните клетки, масното ткиво и црниот дроб да ја апсорбираат глукозата која циркулира во крвта.
Преголемо или премало ниво на инсулин, може да ја наруши способноста на телото да управува со нивото на глукоза во крвта, што може да доведе до зголемена жед, зачестено мокрење или чудни дамки на кожата, а потоа може и да премине во дијабетес тип 1 и тип 2.