Ужива во разголените изданија и не се срами да покаже премногу, а дечкото не се одвојува од неа

popara21 јули, 20202min00
Annotation 2020-07-21 144625

Бела Торн беше фотографирана во минијатурно бикини додека пловеше во Мексико на луксузна јахта, а нејзиното момче Бенјамни Масколо уживаше со неа.

Американската актерка и режисерка 22-годишната Бела Торн никогаш немала проблем да ги сподели своите разголени изданија, па така не и пречеа ни објективите на папараците кои ја снимија во мало бикини на одморот.

Бела ужива на одмор со своето момче Бенjамин Масколo, со кого плови на луксузна јахта крај брегот на Каба Сан Лукас, Мексико.

Таа се пофали и со фотографиите од одморот на социјалните мрежи, секако оние во бикини и жешките панталони, каде позира без шминка на лицето.

Бела и Бенџамин неодамна повторно се сретнаа по дури пет месеци одвојување и ограничувања за патувања низ САД поради пандемијата на коронавирус, а сега го поминуваат секој можен момент заедно.

„Повторно заедно после пет месеци и чувството е добро“, напиша Бела на Инстаграм до нивната фотографија што ја објави.

Двојката неодамна се најде во центарот на вниманието, откако таа е видена со прстен на раката, па многумина мислеле дека се свршиле. Сепак, нејзиниот портпарол го негираше тоа.

„Бела и Бенџамин се многу за вљубени и среќни, но немаат планови за венчавка во блиска иднина“, рече тој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag