По изнајмување луксузна вила во Лос Анџелес со години, се чини дека Аријана Гранде конечно ја пронајде куќата на своите соништа. За луксузната вила во Лос Анџелес, поп-ѕвездата требаше да издвои 13,7 милиони долари.
Вилата се наоѓа во гламурозното одморалиште Битер Стрит и се протега на над 900 квадратни метри. Изградена е пред две години и Аријана ќе биде нејзин прв сопственик. Единствено што малку изненадува во изборот на Аријана е фактот дека куќата не е многу заштитена од очите на јавноста, всушност, речиси секоја просторија може да се види од надвор. Куќата е оддалечена на само неколку метри од улицата.
Во секој случај, Ариана сигурно знае што сака, а куќата е навистина сензационална. Во галеријата подолу ви носиме мала турнеја на имотот.