Терапијата со лековити билки бара упорност но и внимание
Терапевтската вредност на билките, како во превентивата така и во лечењето на разни пореметувања во организмот, е нашироко позната и призната. Една од најупотребуваните билки е секако, нането, познато и како мента или пеперминт, лековита билка која се одликува со изразито освежителна, слаткаста арома.
Нането е гогато со етерични масла, благодарение на кои се користи во фитотерапијата и ароматерапијата за лечење на нервна напнатост, мигрена како и желудочни и стомачни проблеми.
Употребата на нането во вид на чај или тинктура се препорачува кај гасови, грчеви, мачнини и повраќање. За нането, како и за другите лековити билки важи правилото дека треба редовно да се земаат за да се дојде до посакуваните резултати. Но, фитотерапевтите предупредуваат дека во лечењето со билки не треба да се претерува со количината!
Да се пијат две, три литри чај според нивните зборови е потполно непромислено, бидејќи сложените органски соединенија во чаевите можат да делуваат и неочекувано силно и штетно по здравјето. Порадо тоа е важно да се почитуваат ограничувањата како и сугестиите на стручњаците за препорачаните дози и терапевтските цели.
Етеричното масло од нането се користи и за масажа бидејќи го стимулира крвотокот и ослободува од болките во зглобовите и мускулите. Добар лек е против убоди од инсекти, а често се користи и за инхалација.
Нането е добар извор на разни минерали, на прво место калиум, потоа калциум, железо и магнезиум. Изобилува и со витамини како што се витамините Ц, Е, К, Б6, А и бета каротен.