Омилениот лик од серијата La Casa De Papel се фотографираше гол!

popara23 јули, 20201min00
casa

Пред две години, серијалот „ La Casa De Papel “ стана најгледаната серија која не е на англиски јазик и е една од најгледаните на „Netflix“. Нејзината трета сезона ги сруши рекордите на гледаност, а ништо не беше различно и со минатата сезона што имавме прилика да ја следиме за време на рестриктивните мерки предизвикани од корона вирусот. Со оглед бројките на гледаност, не е изненадување што главните протагонисти, вклучувајќи го и Алваро Морте, подобро познат како професор, станаа светски популарни. Иако сè уште не може да се навикне да го препознаваат на улиците каде и да се појави, овој талентиран 45-годишник е свесен дека публиката го сака. А исто така него го обожава и женската публика кои не можеа да одолеат на неговиот изглед со коментарите на неговата последна фотографија што ја сподели на Инстаграм, во која тој позира со голо торзо.

View this post on Instagram

#beach #sun #summer #holidays

A post shared by Álvaro Morte (@alvaromorte) on

“Твојот топол изглед, неодоливата насмевка што ме тера да се наежам секој пат, ме остава без зборови. Блазеси и на твојата сопруга, би сакала да бидам на нејзиното место барем еден ден “, коментира еден обожавател.

Иако не одговара на ваквите коментари, Алваро, кој во реалниот живот го носи прекарот „професор“ затоа што работел како професор по театарска глума, им е благодарен на сите фанови за убавите коментари. „Сè уште ми е чудно колку луѓе ме препознаваат, не само во Шпанија, туку и во други земји. Драго ми е што серијата постигна таков успех низ целиот свет. Па, неодамна некој ми рече дека маж во Бразил го тетовирал моето лице на неговото тело. Не можев да верувам! Убаво е кога публиката ќе ја препознае вашата работа, кога тие ценат колку сте се вложиле во некоја улога. Тоа е љубов која оди во круг. “- рече овој шармантен Шпанец кој во моментов ужива на одморот со сопругата Бланка и нивните близнаци, Леон и Јулиета.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma