Славниот глумец заврши во болница после дијагностирањето на Covid-19 уште пред 3 месеци
Холивудскиот глумец Мел Гибсон (64) во април беше позитивен на корона вирусот и заради тоа помина недела дена во болница, јавува”Daily Telegraph”
Гибсон лежеше во болница во Лос Анџелес, а се наведува дека сега целосно се опоравил и нормално функционира.
– Беше позитивен во април и помина недела дена во болница – изјавила неговата служба за односи со јавноста.
Објавено е дека за време на престојот во болницата бил третиран со лекот “Remdesivir” и дека се чувствува добро.
Неколку пати после тоа е тестиран и беше негативен, правеше и испитување за антитела- соопштија.
Да потсетиме , Мел Гибсон е исфрлен од другиот дел на анимираниот филм “Chiken Run” после што глумицата Винона Рајдер (48) го обвини за навредливо однесување.
Звездата од “The Stranger Things” – Винона , го обвини дека шири антисемитски коментари, односно негативни коментари за Евреите, и дека бил многу непријатен кон нејзиниот пријател кој бил хомосексуалец.
Оскаровецот ги демантирал сите обвинувања.
– Ова е 100% лага – рекол претставникот на славниот глумец.
Во изјавата пишувало и дека Винона прв пат лажела за тоа уште во 2010 година во интервјуто за магазинот “GQ” а после тоа таа одговорила на неговата изјава: – Верувам во простувањето и се надевам дека господин Гибсон пронашол здрав начин да се пресмета со своите демони, но јас не сум еден од нив – заклучила глумицата.