Поранешната сопруга на Елтон Џон, сега 67-годишната Ренате Блауел, го тужи и бара од него 3 милиони фунти и тврди дека тој го прекршил договорот и условите на нивниот развод откако го спомнал бракот во неговата автобиографија.
Ренате Блауел се ожени со Елтон во 1984 година, и тие се разведоа четири години подоцна. Бракот заврши со спогодба што ја направи Ренате побогата за пет до десет милиони фунти.
Според британскиот „The Sun“, Ренате ја доставила целата документација до Високиот суд затоа што 73-годишниот Елтон го прекршил договорот. Како резултат на тоа, нејзината ментална состојба се влоши, затоа што тој го спомена нивниот брак во неговата автобиографија. Дури се наведува дека таа побарала забрана за објавување на книгата “Rocketman” од 2019 година.
Според судските записи, Елтон се согласи да отстрани некои делови пред објавувањето на книгата минатата година. Сепак, во еден дел тој изрази жалење што и го скрши срцето на неговата поранешна сопруга што ја запозна додека работеше на албумот „Too Low for Zero“ во 1983 година. „Елтон е шокиран и тажен од тврдењето на Ренате, особено затоа што тој имал само убави зборови за неа и тој ја фалеше. Тој отсекогаш имал многу исправен однос со неа, ја почитувал и никогаш не би открил ништо за нивниот брак.
Во 2005 година, Елтон стапи во граѓанско партнерство со Дејвид Фурниш. Двојката официјално се венча во 2014 година, откако истополовите бракови станаа легални во Англија и Велс, а парот има два сина.
Ренате се пресели во Германија во 2001 година, а, наводно, купила куќа во Лондон со нејзиниот нов партнер, но сега засега не живеела таму.