На социјалната мрежа Инстаграм Емина Јаховиќ ја следат повеќе од 610 илјади луѓе кои со нетрпение ја чекаат секоја нејзина нова објава. Емина објави селфи во опуштено издание, во бела памучна маица и со собрана коса, а она што на сите им го привлече вниманието беше нејзината полна уста.
Некои од обожавателите на Емина искоментираа дека нејзините усни изгледаат поголеми од порано и тврдат дека направила естетска корекција. Таа не одговори на овие коментари.
Ако го споредиме селфито на Емина, направено пред околу десетина дена и последното, можеме да заклучиме дека горната усна сега и е многу поголема отколку што и беше. Многу е веројатно дека Емина Јаховиќ ја правела устата по метод наречен “Russian lips”, во кој горната усна е пополна од долната.