Како да го намалите шеќерот без лекови: 5 народни рецепти

popara26 јули, 20201min00
napitok 2

Покачениот шеќер во организмот е сериозен здравствен проблем кој не смее да се игнорира

Зголемената количина на шеќер во крвта доведува до дијабетес и до негови компликации. Покрај тоа, предизвикува и нарушувања во работата на црниот дроб и урогениталниот систем, предизвикува метаболички нарушувања, кожни болести, развој на катаракта и срцеви патологии.

Поради тоа, многу е важно да се препознаат знаците на хипергликемија и навреме да се побара лекарска помош.

Зголемениот шеќер во крвта може да предизвика:

  • нагло варирање на тежината
  • оштетување на видот, појава на мали точки пред очите, оштетување на ноќниот вид
  • постојано ладни раце и нозе
  • лошо зараснување на раните на кожата
  • осип и оштетување на слузокожата
  • проблеми со цревата, честа констипација или дијареја
  • зачестено мокрење, особено навечер
  • зголемена жед, сувост во устата и слично.

Народни лекови што можат да го намалат шеќерот во крвта…

Чај од лавров лист

Осум листови лавор прелејте со 300 мл зовриена вода. Оставете ги да отстојат околу 4 часа. Исцедете ги и пијте по половина чаша 3 пати дневно во рок од 3 дена, а потоа направете пауза од 2 недели.

Напивка со цимет

Еднаш дневно, најдобро наутро, додајте кафено лажиче цимет во шолја кефир и малку маст. Промешајте го тоа, па испијте го наутро. Оваа мешавина ќе ви го подобри метаболизмот и ќе ви го намали шеќерот. Ако не поднесувате млечни производи, циметот додајте го во чај или во млака вода. Најдобро е да користите цимет во стапчиња, да го изрендате и да го ставите во напивката.

Каша од хелда со кефир

Хелдата содржи голема количина витамини од групата Б, фолна киселина, фосфор, железо и други елементи во траги кои го заситуваат организмот и не влијаат врз зголемувањето на глукозата. За да направите народен лек од хелда, земете неколку лажици брашно од хледа, прелејте го со кефир и оставете го прекуноќ. Наутро изедете ја оваа каша наместо појадок.

Напивка од бел грав

Навечер, сипете половина чаша ладна вода во која ќе додадете три зрна бел грав. Наутро, полека изедете го гравот и испијте ја водата. Немојте да јадете ништо еден час, а потоа појадувајте.

Јаболков оцет

Во чаша топла вода, растворете лажица јаболков оцет и испијте ја по оброк. Треба да знаете дека јаболковиот оцет воопшто не е наивен лек, па затоа мора да се посоветувате со лекар, пред да ја пиете оваа напивка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma