
Најновата научна студија откри кои места се со најголем ризик.
Најновата студија објавена во стручното списание „The Lancet“ откри дека коронавирусот живее најдолго на нерѓосувачки челик, пластика, но и хируршки маски – до 7 дена!
Студијата исто така открила дека на хартија може да остане најмногу три часа. Треба да поминат два дена за да go снема вирусот од волна и други ткаенини, а најмногу време е потребно за вирусот да исчезне од надворешната страна на хируршката маска, пренесува Yahoo. Поточно, седмиот ден е сè уште таму, иако во помали количини.
Затоа, исклучително е важно редовно да ги дезинфицирате површините со кои најчесто доаѓате во контакт, но исто така да ја носите хируршката маска само еднаш и потоа да ја фрлите, претходно завиткајќи ја во посебна ќеса.
Ако користите домашна маска од памук, исперете ја на 90 степени по секоја употреба во машината и испеглајте ја пред да ја користите следниот пат.
Сите мазни површини се сметаат за најризични, вклучително и паметните телефони, тастатури и работна површина, без оглед од кој материјал се направени.