
Борите на вратот и деколтето се многу чести. Нашето тело старее и кожата ја губи еластичноста. Не можеме целосно да ги отстраниме, но можеме да ги намалиме со помош на природни лекови кои ја враќаат еластичноста на кожата. Постапката е многу едноставна, а се што ви треба е редовна примена на овие маски. Избегнувајте консумирање на масно и пржено месо, индустриски преработена храна и шеќер, затоа што акумулираните токсини значително го нарушуваат изгледот на кожата и здравјето на организмот како целина. Покрај тоа, употребата на доволно вода и природни сокови се препорачува за хидратација.

Ние ви нудиме рецепт за отстранување на брчките на деколтето и вратот:
Маска од јајце, краставица и кокосово масло
Нанесете ја оваа маска еднаш неделно. Ова е доволно за да се види трансформацијата за кратко време. Ова се должи на различните хранливи материи на жолчките и неверојатните антиоксидантни својства на краставицата и кокосовото масло.

Состојки:
– 1 краставица
– 1 жолчка од јајца
– 1 лажичка масло од кокос
Подготовка: Земете мала краставица, кората ставете ја во блендер. Потоа измешајте го заедно со јајцето и една лажица масло од кокос додека не добиете паста. Смесата нанесете ја на исчистената кожа на лицето, вратот, деколтето и рацете и оставете ја да отстои половина час. Исплакнете со ладна вода.
