
Бела Хадид беше забележана на улиците на Њујорк во кратка маица, а во таа прилика сите очи беа вперени кој нејзиниот стомак. Имено, атрактивната манекенка драстично ослабела, а нејзиниот нов изглед стана главна тема на нејзините следбеници на социјалните мрежи.

Новите фотографии на Бела, снимени од папараците, со брзина на светлина се раширија низ светот и ги загрижија фановите, кои не престануваат да го коментираат нејзиниот нов изглед, тврдејќи дека „нејзините ребра се видливи“ и дека е „на работ на анорексија“.

