Ги сметаат за ладни, а токму оваа европска нација има најмногу секс

28 јули, 20200
nacija seks

Британците се европски народ кој има најмногу секс, дури 12 пати месечно.

Верувале или не, по нив следат Германците со 11 пати секс месечно, а третото место го делат Холанѓаните и Белгијците кои имаат секс 9 пати месечно.

Иако се сметаат за страсни, Италијанците се наоѓаат на дното на листата со 4 сексуални односи месечно. Полоши од нив се подеднакво “жешките” Шпанци и романтичните Французи.

Податоците се објавени на страница посветена на обложување, по анкетата која била спроведена на 2729 возрасни корисници на страницата од 11 земји.

“Оваа анкета го побива митот дека во медитеранските земји живеат страсни љубовници. Се чини дека Европската унија треба да се загрижи што со Брегзит ја губи најсексуалната земја на континентот”, изјавил гласноговорникот на страницата, Џон Пентин.

Целосната листа изгледа вака:

1. Британци – 12 пати месечно

2. Германци – 11 пати месечно

3. Холанѓани – 9 пати месечно

4. Белгијци – 9 пати месечно

5. Романци – 8 пати месечно

6. Португалци – 8 пати месечно

7. Австријци – 7 пати месечно

8. Словаци – 7 пати месечно

9. Италијанци – 4 пати месечно

10. Шпанци – 4 пати месечно

11. Французи – 2 пати месечно

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi