Дуа Липа ги сподели вестите на своите социјални мрежи, објавувајќи фотографија со Мадона, Миси Елиот, но и продуцентот Блесд Мадона. Песната е всушност ремикс на нејзината песна „Levitating“, а ќе биде и петтиот сингл од албумот „Future Nostalgia“, кој Липа го издаде на почетокот од годинава. „Новиот сингл доаѓа на 14 август, снимив песна со моите идоли, соништата се остваруваат“, напиша Дуа во описот на фотографијата.