Малиот Принц Џорџ е роден еден ден да стане крал на Велика Британија и целиот свет го знае тоа освен тој. Неговите родители Кејт и Вилијам не сакаат да го шокираат со информацијата дека тој е предодреден еден ден да стане монарх и неговото детство ќе биде што е можно понормално, што е можно подолго. За разлика од некои претходни кралски парови, Кејт и Вилијам не седнаа со момчето да му кажат каква обврска го чека, но ќе го подготват за сè постепено. Децата во неговото училиште и тој самиот знае дека тој е принц, но тоа не им значи многу. Тој го добил и прекарот ПЏ од децата, што значи принц Џорџ.
Според медиумите, принцот некое време поминал сам со својата прабаба, кралицата Елизабета, додека нејзините други внуци ја немаат таа обврска. Исто така, Џорџ се издвојува од неговиот брат Луис и сестрата Шарлот затоа што тој честопати позира без нив, секој пат кога се потребни првите три наследници на Елизабета Втора за фотографијата, така што малиот се слика со својот татко Вилијам и дедото Чарлс.