Понекогаш се случува секојдневниот стрес да престане да изгледа толку секојдневно и нормално. На пример, кога не можете да спиеш, или кога можете, но имате кошмари и не ни сакате да „паднете“ во длабок сон. Или кога цело време ве стега стомакот и толку долго трае тоа што не се ни сеќавате кога почнало. Или кога забрзува срцевото чукање и останувате без здив. Ова не е само стрес.
Овие знаци може сакаат да кажат дека не се работи само за стрес. Можеби се случува нешто друго – анксиозност. И без разлика што имаме тенденција да ги користиме овие два термини како синоними – ова не може да биде подалеку од вистината: стресот може дури и да ви се најде, да ве мотивира, на работа или општо во животот. Анксиозноста е екстремната верзија: се работи за нарушување поврзано со претерана загриженост за многу работи.
Анксиозноста во моментов е најчесто ментално нарушување во Америка, од кое патат над 40 милиони возрасни луѓе и повеќето од нив се жени. Според Андреа Питерсен и нејзиниот мемоар, „нема поголем фактор на ризик за нарушувања со анксиозност од тоа да се родиш како жена”. Плус, иако лесно се лечи, го лечат помалку од 40%, од проста причина што останатите не ни доаѓаат до моментот на лечење.
Ноа Кас, психотерапевт од NY Health Hypnosis & Integrative Therapy и Двани Пател Линдзи која е брачен и семеен советник, имаат нешто да кажат на темата како да препознаете кога стресот станува нешто посериозно.
Како да знаете дека имате проблем со анксиозност?
Општите симптоми вклучуваат чувство на загриженост и анксиозност, немир, умор, потешкотии при концентрација, нервоза, напнатост во мускулите и проблеми со спиење. Најважното е што ова е постојано: Кога се нервирате во одреден момент, тоа нормален дел од животот. Но кога ќе помине моментот, стресот би требало да заврши.
„Во еден момент,” вели Линдзи, „чувствата околу едното и другото се совпаѓаат. На пример, имате важна презентација на работа и тоа ве загрижува. Можеби не можете да заспиете. Ако презентацијата помине добро, чувството го снемува. Тоа е нормална реакција. Но ако презентацијата помине добро, а вие наредниот ден сè уште сте опседнати и загрижени, и тешко ја контролирате таа загриженост, тогаш можеби се работи за анксиозност.”
Што друго ќе ви помогне да направите разлика помеѓу стресот и аксионзноста?
Симптомите на двете состојби се често слични, но она што ја дефинира анксиозноста е дали изворот е јасен и логичен. „Прашајте се: Дали се чувствувам вака поради одреден настан? Или не знам што ми е? Ако е второто, веројатно е анксиозност,” вели Кас. Се разликуваат во однос на време: „Стресот е врзан со сегашноста, анксиозноста е често врзана со она што следува.”
Што треба да направите, доколку страдате од анксиозност?
Ова е многу е важно: Најпаметно што можете да направите за себе е да побарате стручна помош. „Не сакам кога луѓето сами се мачат затоа што се плашат да ја побараат помошта што им е потребна,” вели Линдзи. „Докторите и терапевтите се стручни и ќе ви помогнат.” Планот за третирање на состојбата може да вклучува терапија или лекови, или комбинација од двете. Терапијата може да е со разговор, може да е когнитивно-бихејвиорална, или во група, а лековите може да се антидепресиви, лекови против анксиозност или бета-блокатори.
Може да помогне и промена на животниот стил: „Да спиете повеќе, да ограничите внес на кофеин, да вежбате и да излегувате во природа може многу да помогне,” вели Линдзи.
Всушност, ова се добри совети и кога сте само под стрес. „И човек што не е клинички анксиозен може да страда од проблематичен стрес,” вели Линдзи. „Само затоа што не сте анксиозни, не значи дека не треба да работите на себе и да барате системи на поддршка. Треба да ви биде јасно со што имате работа, но без разлика дали е едното или другото, она што е важно е да бидете добри кон себе.