Срцевите отчукувања се нешто што сите го занемаруваме и секогаш подразбираме дека срцето константно чука.
Овој важен орган произведува 60 до 100 отчукувања во минута, но ако отчукувањата се повеќе од таа бројка, тогаш таа состојба се нарекува тахикардија.
Меѓутоа, некогаш се случува да приметиме како ни чука срцето забрзано без некој посебен повод.
Еве што се може да биде причина за оваа појава, а да не се тоа некои сериозни здравствени проблеми.
1. Стрес
Кога сме под стрес се ослободува хормон на стресот- кортизол, кој влијае на брзото чукање на срцето и на покачување на крвниот притисок заради кој се забрзува пулсот. Во прашање е нормална реакција на стрес, а во тој момент треба да пробате вежби за опуштање како медитација за да се ослободите од стресот.
2. Премногу стимуланси
Тоа може да биде кафе, алкохол, никотин или одредени лекови. Доколку сметате дека тие ви пречат, направете план за здрава исхрана и ограничете го внесот на кофеин. Максималната доза на кофеин кај возрасни не треба да премине повеќе од 400 мл дневно. Исто така, препорачливо е енергијата во текот на денот да ја надополнувате на свеж воздух. 20 минути поминати во природа може да резултира со ментален и физички пораст на енергијата.
3. Дехидратација
Кога сте дехидрирани, волуменот на крвта се намалува, така што влијае врз смалувањето на крвниот притисок. За да си помогнете, најдете ладно место. Нозете држете ги во исправена положба и пијте многу вода во наредните 24 часа.
4. Болка
Според експертите, болката поттикнува ослободување на хормонот на стрес, кој има негативно влијание врз работата на срцето. Кога ќе се излечи болката, отчукувањата на срцето се враќаат во нормала.
5. Недостаток на сон
Ова е вообичаена причина за забрзана работа на срцето. Недостатокот на сон се поигрува со хормоните и може да биде причина за покачен притисок и тахикардија. Се препорачува 7-9 часа спиење за да се опорави организмот.
6. Проблеми со штитната жлезда
Штитната жлезда произведува многу хормони кои ги контролираат главните органи. Недостатокот на хормони може да ја успори работата на срцето, додека премногу хормони ја забрзуваат работата на срцето. Доколку се сомневате дека имате проблем со штитната жлезда, јавете се на лекар.