Хенри Форд е познат како еден од најголемите индустријалци од 20 век. Во својата богата биографија, тој влезе во историјата со основањето на подвижниот појас, првиот автомобил достапен широката народна маса и дневница од пет долари. Тој успеа да го смени добро познатиот начин на деловно работење до тогаш и едно е сигурно, тој добро знаеше како да постигне успех. Неговите зборови треба внимателно да се прочитаат.
- Мислите дека можете или мислите дека не можете – во двата случаи сте во право!
- Пред сѐ, подготовката е тајна на успехот.
- Препреките се оние страшни работи кои можете да ги видите кога ќе го тргнете погледот од целта.
- Дури и грешката може да биде добра опција за да остварите некој успех.
- Не постои личност која може да постигне нешто повеќе од она што мисли дека може да го постигне.
- Неуспехот може да биде шанса за нов почеток. Овој пат попаметно!
- Денес единствена вистинска сигурност на човекот можат да му пружат само знаењето, искуството и способноста.
- Не можете да градите репутација на она што планирате да го направите во иднина.
- Пред секоја 1 минута акција, потребно е 1 час размислување.
- Работата која создава само пари е слаба работа.
- Не барајте недостатоци, барајте решение.
- Квалитетот значи да направите нешто добро тогаш кога никој не Ве гледа.
- Преку ноќ станува познат само оној кој со денови неуморно работел.
- Секој кој престанува да учи е стар, без разлика дали има 20 или 80 години.