Познатиот италијански готвач Џино Д’ Акампо открил дека повеќето луѓе погрешно го подготвуваат болоњезе сосот.
Покрај погрешните тестенини, многумина додаваат и непотребно зеленчук и зачини. Исто така, тој открил и дека треба да се користат повеќе видови на месо за саканата текстура и вкус.
- Најпрво, наместо шпагети треба да користите таљатели
- Во тава пропржете го ситно исецканиот кромид, целер и морков
Традиционално, болоњезе сосот се подготвува со јунешко и свинско месо.
“Свинското ќе ви даде волумен и вкус, а јунешкото текстура.”
- Кога месото е готово, треба да додадете еден посебен додаток- млеко! Така месото ќе омекне, а ќе има и подобра текстура.
- Покрај млекото, треба да се додаде и вино, заедно со пилешки или говедски бујон. Овие три состојки треба да ги готвите малку подолго за да не биде сосот кисел.
- Последниот совет на Џино е да го одминете доматот, кој често се додава.
- Наместо домат, треба да додадете малку каша или концентрат од домат, а целиот сос ќе го завршите така што ќе го оставите да се готви три часа на тивок оган.
- Оставете го со капак час и половина и мешајте на секои 15 минути.
- По час и половина тргнете го капакот. Послужете го сосот со зготвените таљатели.