Опсег од весели до лути изрази на лицето кои можат да се препознаат само врз основа на очите и горниот дел од лицето
Со маски за лице, кои сега се задолжителни во продавниците и јавниот превоз, интеракцијата со луѓето стана малку покомплексна. Маските не само што го отежнуваат слушањето на она што го зборуваат луѓето, туку исто така можат да го отежнат препознавањето на нивното расположение.
Научете да читате од очите
Тим од „Uncrowd“ изработи корисна шема што покажува како изгледаат 32 различни расположенија со маска на лицето. Опсегот е од весели до лути изрази на лицето кои можат да се препознаат само врз основа на очите и горниот дел од лицето.
„Добрите трговци ги читаат своите клиенти како книга, но ако устата е скриена зад маска, малку е потешко да се утврди што мислат и чувствуваат. Нашиот брз водич треба да ви помогне да го препознаете расположението на клиентите “, изјави Ричард Хамонд од „Uncrowd“ за „Mirror“