Како што претходно објавија медиумите, пејачката Наташа Беквалац наскоро ќе се пресели од фармата кај Нови Сад и ќе започне нов живот во Белград.
Сега е откриено што ќе направи убавата Наташа со прекрасната вила со базен во Ченеј. Таа, наводно, ќе ја изнајмиува за свадби, родендени, прослави, но овој луксузен имот ќе го имаат и сите оние кои сакаат да поминат викенд подалеку од градските гужви.
Беквалац наводно решила да го направи овој чекор пред неколку месеци, а во договор со членовите на нејзиното потесно семејство, кои ја поддржале нејзината идеја, таа решила дополнително да ја среди прекрасна вила во Ченеј и да ја остави на агенција која ќе ја изнајмува за 1.000 евра на ден!
- Сите беа изненадени кога Наташа им рече дека би сакала да ја изнајми својата куќа, во која вложи многу пари, но и нерви. Сепак, кога им кажа на членовите на семејството дека ќе се пресели во Белград од септември, каде ќе ја запише Хана во „Интернационално средно училиште, а Катја ќе оди во градинка, сите ја поддржуваа. Ната и нејзините сестри решија дополнително да ја украсат и уредат имотот и самата куќа, па како вистински експерти направија се за да го подобрат просторот, рече изворот како и дека работите во вилата се при крај.
- Агентите веруваат дека ова ќе биде целосен успех кога станува збор за маркетингот. Ќе биде особено интересно за фановите на поп-sвездата да останат во нејзината куќа и да кажат како спиеле во креветот на Наташа, истакнува истиот извор.
Пејачката не ги коментираше овие наводи, но неодамна на својот профил на Instagram објави дека работи на еден голем проект, не сакајќи да открие за што станува збор.