Дали некогаш сте слушнале за ‘Sirtfood’ диета? Со оваа диета можете да изгубите и 3 килограми за една недела, а да не се одречете од задоволствата како што се чоколадото, виното и кафето.
Медицинскиот нутриционист Еидан Гогинс открил како пејачката Адел го започнала овој план за исхрана во 2016 година.
– Трансформацијата на Адел била 90 проценти заради оваа диета, а само 10 проценти заради секојдневни вежби за тело. Таа ја обожава оваа диета. Адел ослабе вкупно 44 килограми- рекол Ејдан.
Што е Sirtfood диета?
Станува збор за намирници кои се богати со активатори на ензимот сиртуин, односно го поттикнуваат нивното создавање. Сиртуини се вид на протеини кои ги штитат станиците на нашето тело од умирање или од воспаленија во текот на болест.
Диетата се состои од две фази а трае вкупно три недели. Потоа можете да продолжите со одржување на резултатите на тој начин што во вашата прехрана можете да вклучите намирници богати со активатори на сиртуин.
Првата фаза трае седум дена и вклучува значајна редукција на калории (до 1000 калории дневно) и консумирање на зелен сок и малку чоколадо.
Целта е нагло поттикнување на слабеење.
Во втората фаза која трае две недели можете да јадете три оброка и да консумирате сокови.
Третата фаза е овие две фази да можете да ги повторите колку што сакате, но да продолжите со својата вообичаена прехрана со што е можно повеќе Сирт намирници.
– Намирниците во диетата Sirtfood имаат неверојатна здравствена корист, ја зголемуваат енергијата, ја чистат кожата, а имате и подобар сон- рекол Ејдан.
Оваа диета можете да ја држите само доколку немате сериозни здравствени проблеми. Пред да почнете консултиратјте се со вашиот доктор.
Целта е зголемување на внес на производи богати со тие активатори, а тоа се јаболки, цитрусно овошје, магдонос, капари, боровинки, зелен чај, соја, јагоди, куркума, маслиново масло, црвен кромид, рукола, кељ и тн. И кафето е активатор на сиртуин.
Сирт производите делуваат како регулатори на нашиот метаболизам, овозможувајќи согорување на масти и истовремено зајакнување на мускулите.