Летечките автомобили конечно легални! Иднината се сели во оваа земја (ВИДЕО)

popara10 август, 20201min00
The flying taxi due to take to the skies within two years

Многу визионери од минатото тврдеа дека ќе имаме летачки автомобили на почетокот на 21 век. Можеби изгледа неверојатно, но производителите ширум светот во голема мерка ги презентираат своите модели, од запад до исток.

Она што претставува проблем е законот, поточно прописите со кои би се вовеле летачките возила во сообраќајот.

Се чини дека ова полека се приближува кон крајот, затоа што светот неодамна ја доби првата земја што го легализира овој вид превоз!

Аеродром како база

Со овој потег, Њу Хемпшир во северниот дел на Соединетите држави ја отвори вратата за индустријата која има намера да развие иновативна технологија за транспорт.

Новиот закон не дозволува полетување и слетување на јавни патишта, туку само од аеродром, а секое возило мора да биде регистрирано. Планирани се и разни тестови за да се докаже нивната сигурност во секојдневниот сообраќај.

Воведените регулативи изгледаат смело за иднината, но дури и тоа не е толку далеку кога ќе разбереме колку компаниии развиваат летачки возила.

Switchblade во гаражата

Од заедничкиот концепт на „Audi“ и „Airbus“, кој беше претставен минатата година во Женева, до израелскиот CityHawk H2 … иноваторите се натпреваруваат и се стремат да се надминат едни со други.

Исто така, постои проект на Самсон Скај од Швајцарија, кој развива „Switchblade“. Возилото треба да достигне брзина од 200 км на час на патот и околу 250 км на час во воздухот.

Легализацијата на летачките автомобили е одличен чекор напред за иднината на транспортот, но треба да се посвети многу повеќе внимание на законите и инфраструктурата, што сообраќајната професија сигурно ќе ја направи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag