Се чини дека тестенините и лебот се премолчено прогласени за еден вид зло кога станува збор за диета и слабеење.
И, додека некои тврдат дека со овие две намирници никогаш нема да ја достигнеме посакуваната тежина, а други веруваат дека лебот никогаш не треба да се елиминира од исхраната, едно е сигурно – следните намирници содржат повеќе јаглени хидрати од леб и тестенини!
1. Манго – 50 грама јаглени хидрати во едно овошје
2. Газирани пијалоци – 38 до 50 грама во 350 мл пијалок
3. Суво грозје – 34 грама јаглени хидрати во само 40 грама производ
4. Мафини – до 69 грама во овошен мафин со средна големина
5. Банани – 35 грама во една поголема банана
6. Смути – до 55 грама во 450 мл пијалок
7. Урми – 72 грама јаглени хидрати во порција од 4 урми
8. Киноа – 39 грама во половина чаша варена квиноа
9. Благ компир – 40 грама во еден поголем компир
10. Енергетски чоколади – 45 грама по бар