Тргна по стапките на татко и, славниот авантурист чија смрт го шокираше светот, а сега ја воодушеви јавноста со добри вести

popara12 август, 20201min00
Annotation 2020-08-12 001026

Бинди Ирвин откри дека го очекува своето прво дете со сопругот Чендлер Пауел.

Ќерката на починатиот зоолог и авантуристист Стив Ирвин, Бинди Ирвин (22) на Инстаграм ја објави среќната вест дека очекува бебе со сопругот, Чендлер Пауел (23).

“Бебето ќе се роди во 2021 г. Чендлер и јас сме горди што можеме да ја објавиме оваа среќна вест. Не можевме да чекаме да ја споделиме оваа вест, бидејќи ова прекрасно мало суштество станува најважниот дел од нашите животи. Вашата поддршка ни значи многу. Ве молиме, испратете добра енергија и молитви до нашата мала душа. Љубов и светлина”, напиша таа на фотографија на која позира со сопругот и држи мала кошула.

Многумина и честитаа за бременоста и посочија дека таа ќе биде прекрасна мајка. „Неверојатни вести. Не можам да ја искажам возбудата што ја чувствувам за вас“, „Толку убаво“, коментираа нејзините следбеници.

Патем, Бинди одеше по стапките на нејзиниот татко Стив чија смрт го шокираше светот. Имено, славниот ловец на крокодили беше убиен од смртоносна ража на 4 септември 2006 година, додека нуркаше и го снимаше серијалот “Најопасните животни во океанот”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag