Пет најчести женски лаги за време на сексот

popara12 август, 20201min00
Pensive woman laying on sleeping man on bed

Сексологот Надиа Бокоди е уверена дека не постои жена која не се служи со лаги во спалната соба.

Експертката смета дека на жените им е всадено да ги стават своите потреби на страна за да ги задоволат другите, па се служат со лаги за да им угодат на партнерите.

1. Глумење оргазам

Бокоди тврди дека повеќето жени барем еднаш имаат изглумено оргазам.

Додава дека лажирањето оргазам е тактика за забрзување на лошиот секс, но таа предупредува дека на тој начин жените го шират “вирусот” кој е познат како “мажи кои мислат дека се божји дар за жените во кревет, а всушност се ужасни во сексот” .

2. Големина на пенисот

Природно е да му давате комплименти на партнерот во кревет, па една од најчестите лаги кои жените ги кажуваат за време на сексот е таа за големината на пенисот.

Бокоди тврди дека жените ја користат оваа лага кај мажите кои се оптеретени со големината на својот пенис, односно на оние на кои им е потребна валидација за да се чувствуваат добро.

– Се работи за мажи кои се уверени дека големината на пенисот е поврзана со можноста да ја доведат жената до оргазам, што не е точно, одговара таа.

3. Преправање дека е неискусна

Некои жени се преправаат дека се неискусни за да ја подигнат самодовербата кај својот партнер. “Никогаш не сум го правела ова” или “Обично не го правам ова”, се само некои од варијациите на овие лаги.

Бокоди тврди дека со нив жените се служат кога се во врска со некој кој не може да го поднесе фактот дека тие имале сексуални партнери и пред него.

4. Миење заби

Сте биле пред оргазам токму кога вашиот партнер свршил? Надиа препорачува трик со електрична четка за заби.

Ако партнерот не успеал да ја задоволи партнерката, некои од жените по сексот одат во бањата со вибратор. Звукот можете да го оправдате дека е од електричната четка за заби, за да не се почувствува партнерот лошо дека не успеал да ве доведе до оргазам.

5. ‘Имам ниско либидо’

Ова не значи дека жените не се заинтересирани за секс, туку не сакаат да имаат лош секс. Со таа лага се служат во врски кои ги исполнуваат, но не се сексуално возбудливи. Но овие лаги не се кажуваат од себичност. Одрекувањето од постоењето на нашите сексуални желби е еден од бројните начини со кои го игнорираме нашето задоволство и ги преиспитуваме сопствените инстинкти. Тоа не се лаги кои им ги кажуваме само на мажите, тоа се лаги со кои се залажуваме и самите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag