Ме продадоа за 4.000 €

popara6 јули, 20111min00
prostitute

Рума – Николина Т. (24 години) од Рума единствено сакала да има подобар живот и да најде работа во странство со цел да го заборави момчето кое ја оставило. Но, наместо тоа, три години беше продавана низ борделите во Босна, каде што, во април, едвај успеа да се извлече и да се врати дома. Сега се обидува повторно да ги состави парчињата од мозаикот на нејзиниот живот, да се врати во нормален живот и што е можно побргу (доколку е можно) да заборави на пеколот низ кој помина.
– Во јануари 2003 година во еден дневен весник прочитав оглас за работа, во кој се бараше девојка на која за многу кратко време ќе и биде издадена виза за странска држава и обезбедена добро платена работа – ја започнува својата исповед Николина.


– Се разбира, воопшто не ни помислував што се крие зад примамливиот оглас за работа, особено затоа што еден од условите за работа беше добро познавање на англискиот јазик. Не знаејќи каков пекол ме чека, тргнав во Белград на адресата што беше наведена во огласот. Тоа беше еден голем стан каде што за интервју веќе чекаа тројца мажи и четири девојки кои, исто како и јас, веруваа во она што стоеше во огласот. По завршувањето на “бизнис ручекот“, еден од непознатите лица ги побара нашите пасоши, со цел да ги однесе во Амбасада за да ни издадат визи. Но, само неколку минути подоцна, второто лице со остар тон јасно ни кажа што всушност се крие зад работното место и ни се закани дека доколку бидеме непослушни, ќе го искусиме пеколот.


Исто како затвореници
– Бев повеќе од шокиран. Пораснав во патријархално семејство, а родителите и брат ми никогаш немале било каков проблем со мене. На огласот за работа се пријавив, бидејќи ја прекинав четиригодиншната врска со моето момче кого го сакав неизмеро, а за многу кратко време тој си најде друга девојка. Истата вечер, после неколку жешки шамар на секоја од нас (бевме шест девојки), не распоредија во три автомобили и не пренесоа преку граничниот премин Сремска Рача, а на крајот завршивме во едно место во близина на Бијелина. По завршувањето на “преговорите околку цената“ ме однесоа во еден ресторан во близина на Тузла, каде што започнав со најстариот занает.
Николина, објаснуваше колку била згрозена од самата себе кога го добила првиот клиент.
– Го избркав од собата, добро се сеќавам на тоа. Но, потоа добив таков ќотек, што не можев да се опоравам во наредните десет дена. Така започна мојата (присилна) проституција низ борделите во Босна, каде што буквално ме продаваа од еден газда на друг газда – ја продолжува Николина својата приказна.
Додека раскажува Николина пали една по друга цигара и продолжува:
– Гледајќи дека немам излез морав да продолжам да се бавам со проституција, надевајќи се дека ќе ми се укаже можност за бегство. Добивавме многу малку за јадење, а можевме да се истушираме доколку ја исполнивме нормата која ни беше поставена. Бевме затвореници во мала дупка некаде во БиХ, се до ноември 2005 година кога ме продадоа во Зеница. Таму бев поради “добрата“ препорака од газдата од Сараево, со објаснување дека сум “добар стока” за продавање. Слушнав дека ме продал за 4.000 €. Таму цврсто одлучи дека доколку ми се пружи и најмала шанса ќе се обидам да избегам или да си го одземам животот.

 

Се појави мојот “спасител“
На Николина и се укажа долгоочекуваната шанса.
– За среќа, “добив“ еден клиент и од самиот момент на запознавање, станавме пријатели. Тогаш му раскажав во какви лавовски канџи паднав, а тој цврсто ми вети дека првата прилика која ќе му се укаже ќе ми помогне да избегам. Најпрво му се заблагодарив на неговото ветување и го чекав денот на својот спас. Во април, го исполни ветувањето, ми помогна да избегам од борделот и да стигнам до мојот град, до моето семејства.
Николина поради огромната благодарност која ја чувствува, не сакаше да го открие името на својот спасител ниту пак да го открие начинот како успеала да побегне.
– Во периодот додека ме немаше,точно три години и три месеци, моите родители се соочувале со кошмар. Мајка ми доживеала мозочен удар, таткото исто така се разболел, брат ми секојдневно трагал по мене…се до моментот кога се појавив – продолжува да раскажува со растреперен глас Николина и со солзи во очите.
Додека беше наведувана на проституција, Николина доживеа тешки физички и психички трауми, а лекарската помош и љубовта која и ја дава нејзиното семејство и се повеќе од потребни. Таа се одлучи да го раскаже својот пекол, надевајќи се дека други девојки би биле поучени од нејзиното искуство и не би доживеале нешто слично. Сега се бори за да ја поврати вербата во луѓето, знаејќи дека освен ѕверови во човечка кожа, има и такви како што е нејзиниот спасител од Зеница.


Србинките најчесто се продаваат во Италија
Иако до неодамна се мислеше дека најголем број од жртвите на трговија со луѓе, се главно граѓани на Молдавија, Бугарија, Романија, Украина и Русија, локалната полиција ги демантира овие податоци. Се повеќе и повеќе од девојките и жените од Србија завршуваат низ бордели, порадавани и малтретирани. Податоците покажуваат дека во декември минатата година и јуни оваа година се најдени 16 жртви на трговија со луѓе, од кои 13 биле со Српски државјани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma