Лошиот секс сигурно ви е позната работа. Обично се јавува како последица на физички замор и стрес или недостаток од физичка привлечност.
Но сега научниците идентификувале што е тоа лош оргазам.
Што открива лошиот оргазам?
Постојат оргазми кои не се уживање, дури се и непријатни и можат да остават еднакви последици на вашата врска, сексуалност и психичко здравје. Овде се зборува за оргазам како последица на односи на кои се сложиле и двата партнери.
Една од причините е впуштање во однос со цел да се избегнат проблемите. На пример, не сакате да се расправате со партнерот заради недостаток на секс, па едноставно го правите тоа. Оргазмот кој следува, не остава чувство на задоволство бидејќи за него не сте биле посебно расположени.
Втора причина: Чувствувате обврска да го постигнете
Истражувањата покажале дека чувството на притисок дека оргазам мора да се постигне е одговорно за стресот и така доаѓа до негативна емоција. А кога има притисок, оргазмот нема да претставува големо уживање.
Понатаму, причини за лош оргазам може да се и здравствени. Понегогаш оргазмот е лош зашто нема поврзаност помеѓу партнерите, па тие намерно го забрзуваат сексуалниот однос само за да заврши што е можно побрзо.
Многу фактори влијаат на тоа дали оргазмот ќе биде добар или лош, а фактот што сте го доживеале не мора да значи дека сте уживале во него и во односот.