Таа ги красеше насловните страни, имаше многу ангажмани, а се појавуваше и на спотовите на покојниот Џорџ Мајкл и одлично заработуваше.
Една од нејзините најпознати изјави е дека не станува од кревет за помалку од 10 илјади долари.
Линда Еванџелиста неодамна го прослави својот 55 роденден, не се занимава со мода, ниту го следи трендот на естетски корекции.
За разлика од нејзината колешка Наоми Кемпбел, Линда не е на ригорозни диети и ужива во животот. Таа не е загрижена за килограмите кои почнале да се зголемуваат откако престанала да се занимава со манекенство.