Ване Цветанов ја запроси Дунавка Трифуновска во авион: Позитивно луда љубовна приказна, какви што се тие двајцата

popara14 август, 20204min00
дунавка и ване

Во корона сивилото единствена светла точка беше љубовта која минатиот месец од одмор во Турција ја обелоденија манекенката Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов, екс директорот на Агенцијата за спречување перење пари. Уште не помина озборувањето, по 20тина дена оваа вљубена двојка за mms.mk екслузивно откри уште еден убав момент, дека се свршиле и тоа на доволно лудо место, какви што се и тие двајцата- во авион на 10.000 метри, на пат кон Турција а веќе се прават и подготовки за свадба.

Но, да почнеме хронолошки. Од почеток. Кога оваа двојка се вљуби толку многу и реши за кусо време да дојде до брак. Секако, дамите имаат предност.

-Со Ване се познаваме две години ама онака, од видување, излегувавме на исти места . Тој не е мој профил на дечко, сум го гледала со други очи, на поинаков начин. По две години на слава на „Св. Никола“ братучед ми правеше голема журка и Ване дојде со друштво. И толку беше. Некаде после „8 Март“ му се јавив ама си прававме обичен муабет. После тој ми честиташе Велигден. Од тие неколку разговори свативме  колку за многу работи исто размислуваме, дека важни ни се исти вредности, почитување дом, во поглед на животот, ист стил на живот, вели Дунавка, а Ване ја надополни:

– Ако и двајцата надворешно делуваме сосема поинаку, сепак, сме доста конзервативни. Месец дена пред првата средба јас и наговестив некои работи, дека сум при крај во расчистување на некои обврски и дека не сакам да ја вовлекувам неа. Кога си ги средив работите и се јавив и и реков- е сега веќе може да се видиме, откри Ване.

Првата средба се случила на почетокот на јуни, кога Ване отишол кај неа на работа за да ја покани на кафе.

-Во денешно време и машки и женски веднаш напаѓаат, ама тоа се ликови. Мене тој воопшто не ми изгледаше таков. Ми изгледа многу прибран и мене тоа многу ми се допадна. Јас не сакам луѓе кои се расфрлаат со емоции. Дојде кај мене на работа и отидовме на кафе, вели таа а Ване додаде:

„Покрај кафето разговаравме долго време за многу нешта, се пронаоѓавме фрекфенција по фрекфенција за да сватиме дека комплетно сме на иста бранова должина“.

Дунавка вели дека нивната приказна ја направил Ване. Тој, пак, вели дека имал доволна мотивација за да ја направи. Од првото кафе веќе се неразделни, а во меѓувреме, после едно пешачење  ја започнале љубовната приказна. По завршување на изборите, по еден месец откако биле во тајна љубов решиле да заминат во Турција на одмор, од каде и јавно обелоденија дека се заедно.

Прашање- дали планираат брак немаше потреба, бидејки свршеничкиот прстен, за кој таа вели дека е дијамантски, веќе е на нејзината рака. Ване и ја побарал раката во авион, што на некој начин одморот во Турција им бил еден вид меден месец.

„Јас проценив дека си жената на мојот живот, дали сакаш да го поминеш животот со мене“ и рекол Ване кога ја запросил.

-Јас реков да и додадов: „Овој прстен да ти биде последен“, вели Дунавка среќно и насмеано.

А тоа, истото му го посакала и мајка му на Ване, која кога ја слушнала радосната вест:

„Со среќа нека ви е ама овој прстен да ти е последен“.

Колку чини свршеничкиот прстен Ване не сакаше да открие. Вели: „За работи кои се посебен подарок не се зборува за цена“.

По ова следуваат плановите за свадбата, која нема да биде вообичаена, туку во фази. Постојат два датуми за славење на љубовта, со малку гости и нивните омилени пејачи. На едниот датум ќе се слави љубовта во Охрид а на другиот во Турција. Но, за тоа кога ќе дојде време, кога сите планови ќе бидат организирани, бидејки засега само фустанот е одбран.

А за крај-  по што оваа љубов се разликува од другите?

-Јас сакам љубов која не е во класична рамка. Сакам романса, сакам љубовник. И тоа е убаво, без оглед колку трае. Тоа сите сме го имале. Но, доаѓа еден период во животот кога треба некому да припаѓаш. Кога имаш доволно години, како што имам јас 39. Но, за да биде се така како што е најмногу зависи од мажот. Дали е тој таков формат за да може да го издржи комфорот на жената. И емоционален и секаков. Јас мислам дека се е до машките, вели Дунавка.

„Јас мислам дека најсилна врска меѓу нас е зрелоста, благодарение на искуството што го имаме во животот и во љубовта.  Зрелоста, тоа што и двајцата знаеме што сакаме. И искреноста. Досега сме искрени сосема и функционираме. Тоа се оние темели кои направија таа почетна хемија, која беше видлива, да прерасне во голема љубов. Бидејки едно е страст и хемија, друго е љубов и длабочина. Премногу бргу ги раздвиживме нештата за да ги најдеме фрекфенциите помеѓу нас. Многу важен беше нашиот поглед на светот и вредносниот систем кој ни е многу сличен, бидејки и двајцата , секој во својата област важиме за контравезни. Но, она кое што го перцепира јавноста за нас е многу различно од она што сме. Тоа не врза силно и овозможи една искрена и длабока љубов“, откри Ване.

Извор: ММС

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag