Кумановец произведува нафта од отпадна пластика

popara6 јули, 20111min01
Oil Cans Stacked in Shape of Letters
Во прототип погон кој се наоѓа во Куманово за производство на нафта во приватно претпријатие за собирање, складирање и рециклирање на отпад од отпадна пластика се произведува нафта.
Сопственикот Лазар Таневски (57) од Куманово, вели дека со посебен третман на отпадот пластиката се враќа во провобитната положба, односно од неа се добива нафта.
“Пластиката се меле во машина и се става во реактор со одредени агенси и катализатори. Потоа се грее на одредена температура при што се разбиваат молекулите и се добива 15 отсто плин, нафта, керозин и бензин“, истакнува Таневски.
Според Таневски, процесот за производство ќе го следат консултанти, професори од Технолошкиот и Хемискиот факултет од Скопје.
“Од еден тон пластика се добиваат илјада литри гориво. Не постои никаква загуба. Со одредени хемиски прочистувања добиениот производ може да се употребува како гориво за автомобили“,додава Таневски.
Машината произведува дневно околу 300 литри гориво.
Комуналниот инспектор за животна средина, Бобан Бојковски вели дека на почетокот бил скептик во однос на идејата на Таневски.
“Ова е за пофалба и јас сметам дека сите релевантни институции треба да дадат максимална подршка за овој проект за да се реализира во вистинска смисла. Во Македонија, законски од овој месец започнува процесот за селектирање и рециклирање на отпад, така што овој проект доаѓа во вистинско време. Ако овој проект се реализира според замислата, тогаш Куманово ќе биде еколошки град во вистинска смисла на зборот“, истакна Бојковски.
Извор: Нетпресс

One comment

  • aleksandar

    11 декември, 2011 at 23:19

    e ovaa e za pofalba.bravo za genijalecot.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma