Во Австралија е забележан е водопад кој „тече“ нагоре, а овој необичен феномен е снимен на бреговите на Нов Јужен Велс.
Многу корисници на социјални мрежи кои го видоа видеото беа изненадени како водата на водопадот може да и пркоси на силата на гравитација и да оди нагоре, наместо да се спушта, како и обично.
Австралиските метеоролози велат дека објаснувањето е во силниот ветер што ја зафати оваа област.
Новиот Јужен Велс беше погоден од обилни дождови и ветер во претходните денови, а забележен е и удар и до 70 километри на час во Кралскиот национален парк, каде што беше снимен водопадот.
Метеоролозите велат дека ветерот бил доволно силен за да ја подигне водата и да ја променат нејзината насока.