Постои уште еден силен доказ дека корона вирусот ги зголемува шансите за откажување на важен орган

popara18 август, 20201min00
bubrezi

Корона вирусот исто така може да ги нападне бубрезите на пациентите и со тоа значително да го зголеми ризикот од смрт, е заклучокот на студијата на лекарите од германската универзитетска клиника „Епендорф“.

Лекарите анализирале бубрези на 63 пациенти кои починале од корона вирусот, претежно постари пациенти, а кај 60 проценти од пациентите откриле корона вирус во органите.

Медицинскиот тим открил дека присуството на корона вирус во бубрезите е поврзано со зголемен ризик од откажување на овие органи.

Шефот на студијата, Тобијас Хубер, објави дека неговиот тим исто така успеал да го изолира вирусот од бубрезите на еден од починатите.

За 48 часа, вирусот се размножувал дури 1.000 пати во клетките на бубрезите.

– Резултатот од нашето истражување покажува дека корона вирусот е активен не само во белите дробови, туку и во другите органи – додаде коавторот Мартин Ефелбахер.

Авторите на студијата препорачуваат инфекција на органите да се утврди навремено кај пациентот за време на третманот на корона.

– Во овој случај за бубрези, може да се направи преку тест за урина – наведуваат германските научници кои своите наоди ги објавиле во британското професионално списание „The Lancet”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag