Додека сите зборуваат за нејзината врска со славниот актер поради која поранешниот полуде од љубомора, таа се фати за малку поинаква работа
Џенифер Гарнер изминативе денови беше зафатена со работа на нејзината вила од 20 милиони долари во Лос Анџелес, а познатата убавица се појави пред фотографите во обично издание и без парче шминка на лицето. Гарнер сè уште изгледа беспрекорно на 49-годишна возраст, а судејќи според фотографиите, работата не е тешка за неа во летните горештини.
Пред неколку недели, таа беше фатена во друштво на актерот Бредли Купер на плажа во Малибу, а медиумите веднаш почнаа да зујат околу новата актерска двојка. Извори блиски до нив реагираа веднаш и посочија дека Гарнер и Купер се пријатели многу години и дека ништо друго не се случува меѓу нив. Поранешниот сопруг на Џенифер, Бен Афлек, со кого има три деца, наводно со години се мачи од пријателството. Пријателството меѓу познатите актери започна во раните 2000-ти години додека тие го снимаа филмот „Алијас“, а од тогаш тие се блиски и во постојан контакт. Сепак, ова пријателство отсекогаш имало потенцијал да прерасне во нешто повеќе, а Афлек, која сега ја сака Ана де Армас и не се одвојува од својата нова девојка, беше свесен за ова.