На почетокот е симпатично, а потоа станува неподносливо
Понекогаш, некоја песна едноставно „влегува во нашата глава“, од која не можеме да се ослободиме со часови, можеби дури и со денови.
Затоа, дури и кога одредена песна, нејзиниот рефрен, или само неколку тактови или целата мелодија ни била симпатична и певлива, по некое време станува неподнослива.
И да не зборуваме за оние песни кои, наспроти нашата волја, влегуваат во нашите уши и мозокот.
Истражувањето на Универзитетот во Синсинати покажува дека 98% од луѓето се соочуваат со оваа ситуација во одреден момент од животот, пишува на страницата lifehacker.com.
Па, како да се решиме од песната што го окупира нашиот мозок и која навистина не иритира?
1. Ислушајте ја целата песна
Можеби звучи чудно, но многу студии покажуваат дека слушањето на песната, која е „заглавена“ во нашиот мозок, од почеток до крај, може да го елиминира нејзиното понатамошно, упорно постоење во главата. Овој феномен се нарекува ефект на Зајгарнек, именуван по психологот Блуми Зајгарнек, кој зборуваше за фактот дека прекинувањето на некоја активност (како што е слушање песна) може да предизвика да размислуваме повеќе за тоа – затоа е потребно да се ислуша целата песна.
2. Идентификувајте ја песната
Ако не знаете која е мелодијата што ја пеете, односно од каде потекнуваат тактовите и зборовите што ви се „врежани“ во главата, обидете се да ја идентификувате на сите можни начини. Обидете се да пеете со музички апликации, како што се Shazam и Soundhound, или прашајте некој ваш пријател кој може да го знае потеклото на мелодијата. Откако ќе го откриете, направете го првиот чекор што го наведовме и едноставно отстранете ја песната од вашата глава.
3. Заменете ја со друга песна
Друг метод за да се ослободите од песната што ве доведува до лудило е да ја замените со некоја “catchy” песна, која е лесно да се пее и која (се надеваме) нема да остане во вашата глава премногу долго.
4. Џвакајте гума за џвакање
Ова звучи чудно, но студијата на Универзитетот во Велика Британија покажа дека гумата за џвакање има врска со центрите за обработка на звук во мозокот и нејзиното разликување. Испробајте го овој метод, исто така, и кажете ни во коментарите, доколку работи.
5. Занимавајте го мозокот
Решението може да биде и во активности кои ќе ги свртат мислите од досадната мелодија во вашата глава. Оние кои се занимаваа со ова прашање веруваат дека едноставните ментални вежби, како што се решавање крстозборки, можат да ја елиминираат песната што моментално е во вашата глава.