Чедвик Боузман, ѕвездата на филмот „Црн Пантер“, кој имаше огромен светски успех во 2018 година, почина на 44-годишна возраст, објави неговото семејство.
Боузман не коментираше јавно за тешката болест рак на дебелото црево, која за прв пат му беше дијагностицирана во 2016 година, и продолжи да работи на големи холивудски филмови.
„Најголема чест во неговата кариера беше тоа што го оживеа ликот на кралот T’чaла во „ Црниот Пантер “, стои во соопштението објавено синоќа на социјалните мрежи на Боузман, додавајќи дека тој „починал во неговата куќа, со сопругата и семејството “.
Боузман стана првиот црн суперхерој кој доби својот посебен филм во серијалот Марвел во 2018 година.
Филмот, сместен во измисленото африканско кралство Ваканда, е добро прифатен и од критичарите и од публиката.
Филмот, во режија на Рајан Куглер, собра покрај Боузман тим од најпознатите црни актери во Холивуд – добитничката на Оскар Лупита Njонгоп, Анџела Басет, Форест Витекер, Даниел Калуја, и имаше огромен буџет за производство и промоција.
Стана првиот филм за стрип јунак кој беше номиниран за Оскар во категоријата за најдобар филм, а заработи повеќе од милијарда долари ширум светот. Претходно, Боузман играше афро-американски икони – легендарниот бејзбол играч Џеки Робинсон во филмот „42“ и соул sвездата Џејмс Браун во „Get on Up“.
Неодамна се појави во филмот на режисерот Спајк Ли “Da 5 Bloods”, и требаше да глуми во продолжението на „Црниот пантер“, кој се планира да се појави во киносалите во 2022 година.