Дали знаете колку не „држи“ тагата, а колку среќата?
Човечките емоции се менливи и со различен интензитет, но исто така и со времетраење. Така, чувството на тага трае околу 120 часа, среќа околу 60, очај околу 24, досада околу 2 и срам половина час.
Надминување на распаѓањето на љубовната врска, смртта на некој близок или општо чувство на тага – е емоцијата која е најинтензивна кај луѓето, а една од причините за тоа е што трае околу 240 пати подолго од другите чувства – како срам, изненадување, нервоза или досада.
Научниците го следеле секојдневниот живот на испитаниците и ги анализирале нивните емоции, како и нивниот интензитет и просечното времетраење.
Од дури 27 различни чувства, тагата трае најдолго – околу 120 часа, проследено со омразата што ги „држи“ луѓето во просек околу 60 часа, а потоа радост околу 35 часа, заклучија научниците.
Еве колку не “држат” одредени емоции:
– Tага: 120 часа
– Омраза: 60 часа
– Очај, надеж, разочарување и задоволство: 24 часа
– Љубомора: 15 часа
– Олеснувањe: 8 часа
– Ентузијазам: 6 часа
– Благодарност: 5 часа
– Вина: 3,5 часа
– Стрес: 3 часа
– Гордост: 2,6 часа
– Лутина, досада, изненадување: 2 часа
– Нервоза, сочувствување: 1,3 часа
– Понижување: 0,8 часа
– Страв: 0,7 часа
– Срам, гадење: 0,5 часа