Ајварот е неопходен дел од зимницата и омилен во многу домови.
Некои го сакаат лут, некои благ, некои со модар патлиџан, но сигурно гурманите не можат да му одолеат.
Сепак, за време на подготовката, многу домаќинки прават одредени грешки што го расипуваат неговиот вкус.
Погрешна математика
За добар ајвар, но и за остатокот од зимниците, клучни се добрите намирници, но и вистински размер. Кога станува збор за зеленчук, ако не го правите само од пиперки, килограм модар патлиџан треба да оди за три килограми пиперки.
Избирате слаби пиперки
Кога купувате пиперки, замолете го продавачот да ви пресече една пиперка за да бидете сигурни во дебелината на овој зеленчук, бидејќи квалитетот зависи од тоа.
Исто така, би било препорачливо да ја пробате. Добрата пиперка е зрела и густа.
Не ги печете пиперките, туку ги варите
Највкусниот ајвар има фина арома што не можете да ја добиете со варени пиперки. Најдобар избор е скара, а се препорачува онаа на природно дрво или јаглен.
Ги печете пиперките премногу кратко
Пиперките и модрите патлиџани треба добро да се измијат и да се стават на скара со повремено вртење. Кога лушпата почнува да се одделува, тогаш црвената пиперка е печена. Не е доволно само да потемни, но внимавајте зеленчукот да не изгори.
Не ги цедите доволно пиперките
Излупените пиперки ставете ги во цедалка да се цедат во текот на ноќта, најмалку 12 часа.
Исто така, модриот патлиџан се лупи и се цеди. Ајварот ќе има подобар вкус, а времето за готвење ќе го скратите за половина.
Нестрпливо мешате
За кремаст ајват кој совршено ќе се мачка на лебот битно е трпеливо мешање.
Оставате семки
Многу домаќинки додаваат пеперони во ајварот, но ако не сакате лути, исчистете ги добро од семките. Исто така, модриот патлиџан и пиперките треба да се исчистат од семето.
Премногу сол
Солта се додава постепено, а пред секое пробување, потребно е ајварот да се излади малку на чинија. Ако пробате топол ајвар, нема да го почувствувате вкусот.
Валкани рабови
За да трае зимницата подолго, не заборавајте прво да ги стерилизирате теглите. Но, со еден трик, нема да мора да се грижите. – пред да ги затворите со капак, избришете ги рабовите на теглата со алкохолен оцет.
Постепено ладење
Затворете ги теглите со стерилизирани оригинални капаци и ставете ги во загреана
рерна на 100 Целзиусови степени час до час и половина. Исклучете ја рерната и оставете да се излади во неа. Чувајте ги на темно и ладно место.