Замина тивко во ноќта- македонската пејачка која трагично загина никој нема да ја заборави, зад себе ги остави сопругот и двете деца (ФОТО)

popara1 септември, 20202min0
pejacka

Сашка Петковска-Липша, жената со најубавиот глас на сите времиња. Загина на 32- годишна возраст, во кобна сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе, на вчерашен ден 31-ви август 1983-та година. Зад себе ги остави сопругот Марио Липша и двете ќерки. Спомените болат, но секогаш се тука,  ваквите пејачи никогаш не заминуваат во заборав.

Беше родена на 7 јуни 1951 година во Зрењанин, во семејство на Блаже и Војда Петковски. Татко ѝ бил воено лице, и поради работата во тогашната ЈНА, често се преселувале. Сепак патот ги донесе назад дома во Македонија, поточно во убавата Битола. Во градот под Пелистер Сашка одраснала и ја засакала музиката.

За време на детството на површина испливал нејзиниот музички талент. Девојчето со убав глас, настапувало по детски музички манифестации и фестивали.

Образованието го продолжила во гимназијата, а тоа се совпаѓа со времето кога станала член во групата „Скромни“, предводена од Славе Димитров и Кире Костов.

Нејзиното професионално деби како пејачка на забавно-музичката сцена било на Фестивалот во Суботица во 1970 година, каде добила прва награда за интерпретација на композицијата „Еден пораз не е крај“. Следната година настапила во интернационалниот состав на забавни мелодии „Кантаџиро“ во Сан Ремо, Италија, каде добила втора награда за интерпретација. На Фестивалот во Бургас освоила втора награда со песната „Толку љубов“. Потоа прва и втора награда на Фестивалот на забавни мелодии „Скопје“ за хитовите „Никогаш, никогаш“, и „Бакни ме“.

Кога се запишала на Филолошкиот факултет за да изучува англиски и француски јазик, се преселила во Скопје.

Во главниот град изградила богата музичка кариера, снимила неколку плочи, а хитовите „Бакни ме“, „Никогаш, никогаш“, „Чао адои“, „Запри срце“, „Гриша“ и други остануваат да се пеат до денес. Сашка Петковска – Липша одреден период беше и членка на легендарната вокално-инструментална група „Македонија“ предводена од трубачот Благој Чешларов, заедно со Даниела Панчетовиќ, Кирчо Поп Лазаров, Зорица Поп Панкова, Верица Ристевска, Панче Кочовски… Беше сопруга на познатиот естраден работник и менаџер Марио Липша, кој долги години беше на чело на најпознатата естрадна институција во Македонија, здружението на естрадни уметници „Естрада“.

Пред десетина години на Сашка Петковска и беше посветена и манифестацијата „Незаборав“, во организација на продуцентот Панде Димитровски. Пред преполната сала на Народниот театар во Битола, нејзините песни ги испеаја реномирани пејачки од Битола. „Бакни ме“ ја изведе Маргарита Христова, „Чао адио“ Билјана Дамјановска, „Пушти ме како птица“ Марина Коруновска , па следуваа изведби на Анета Мицевска, Анета Ефтимова, Андријана Ацевска, Марија Митровска и Ирена Димовска.

Тогаш на таа манифестацијата присуствуваше и нејзината ќерка Сандра Липша, која исто така дел од детството го мина во Битола.

-Конкретни сеќавања и немам многу зашто мајка ми почина кога имав само четири години, но дел од неа живее во мене. Чуваме фотогрфии од неа, ја слушаме нејзината музика, ги чуваме албумите. Добро е што луѓето ја памтат нејзината песна, рече тогаш ќерката на Петковска.

Токму тогаш кога беше на врвот на кариерата, Сашка за жал трагично го загуби.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag