Разгалената поп дива не престанува да ја радува јавноста со своите изјави, а последната е добредојдена за сите што сакаат добра смеа и хумор. Корисниците на Твитер ги загрејаа прстите и ја запалија социјалната мрежа со духовити коментари за Мараја Кери
Кога ќе помислите дека сте слушнале и виделе сè, застанете, добро размислете, бидејќи секогаш има нешто ново што сигурно ќе ве изненади. На пример, да ви кажеме дека Мараја Кери има повеќе заеднички работи со славната физичарка и хемичарка, нобеловецот Мари Кири, не би ни верувале, но разгалената поп дива е убедена во тоа.
Откако американската комичарка Ајлин Мери О’Конел се присети на својата младост и на Твитер ја опиша ситуацијата кога еден млад човек беше убеден дека зборува за Мараја Кери, иако всушност зборуваше дека е во врска со Мари Кири, на славната пејачката толку многу ѝ се допадна нејзиниот твит па решила да ја сподели и на нејзиниот профил.
„Размислувам за времето кога реков дека подалечна роднина ми е Мари Кири и едно момче ми рече дека тоа име се изговара – Мараја Кери“, напиша Ејлин Мери О’Конел. Мараја го сподели, но исто така објасни дека тоа не треба да изненадува никого:
„Таа освои 2 Нобелови награди, моите два албума беа продадени во дијамантско издание, така што ние сме скоро иста личност“.
Секако, нејзиниот коментар наскоро стана вирален хит и немаше недостиг на духовити шеги на нејзина сметка, меѓу кои беше и дека сигурно ќе добие Нобелова во областа на „високите белешки“.