Секојдневно туширање, односно плакнење на интимните делови секоја вечер, воопшто не е добро за вас. Не е толку добро што може да доведе до тумори, покажа истражувањето спроведено во Америка.
Истражувачите кои работеле на овие случаи откриле врска помеѓу секојдневното миење на интимните делови на телото и ракот на грлото на матката, намалена плодност, ХИВ и други сексуално преносливи болести. Ако се туширате секоја вечер, а потоа користите препарати како сапун, интимни и обични гелови за туширање, време е веднаш да престанете. Професорот по епидемиологија на Универзитетот во Калифорнија, Џоел Браун, изјави дека има сè повеќе докази дека препаратите што ги користиме под туш предизвикуваат бактериска вагиноза, пишува Daily Mail.