Потребни состојки:
400 грама пилешко филе
4 лажици павлака
2 лажици маслиново масло
1 лажичка кари
1 лажичка сенф
малку сол и бибер
Подготовка: -Направете компактна мешавина од сите наведени состојки. -Во смесата потопете тенок исечен пилешки стек и наредете го во подмачкан огноотпорен сад. -Покријте и печете на 220 степени околу 45 минути.
Пријатен ручек!