СИНОТ на Том Хенкс, Чет Хенкс ја провоцираше Адел преку Инстаграм.
Сè започна кога Адел објави фотографија во бикини со мотиви од Јамајка и фризура „batu knots“ што ги интригираше некои луѓе поради тоа што ја обвинија Адел за „културна апроприација“. Но, другите се потсетија на Чет Хенкс, кој своевремено го имитираше јамајканскиот акцент на црвениот тепих, па се појавија мемиња со нив двајца.
„Чет Хенкс и Адел имаат за што да разговараат“, напишано е на Твитер, а се чини дека и Чет мисли така, па објави видео на Инстаграм со порака за Адел. На видеото, Чет го слуша хитот на Адел Set Fire to the Rain и и се обраќа со акцент од Јамајка, велејќи и дека изгледа добро и ја поканува да го контактира на Инстаграм.
“Ве молам, побарајте некој да и каже на Адел итно да ми се јави. Треба да разговараме за нешто”, напиша тој заедно со снимката.
И тогаш тој објави уште едно видео без кошула …
Адел сè уште се нема огласено.