Има и случаи на оние кои имаат фобија на приврзаност и иако им одговара да имаат некој покрај себе, тие всушност одлучуваат колку сакаат другата страна да им се доближи.
Во исто време, нивните партнери обично поминуваат низ низа фази кои вклучуваат преиспитување дали воопшто се сакани, дали партнерот ги манипулира, до фаза на помирување со ситуацијата, обид за промена на партнерот или болно раскинување.
Без разлика дали станува збор за партнер кој не работи доволно напорно на врската, не сака да го направи следниот чекор – да се всели, да се ожени или да има дете, дури и ако имате убава врска, тие обично се емоционално недостапни луѓе кои изградиле ѕид поради негативни искуства или верувања. ‘
Психолозите велат дека може да им се помогне, но само доколку сакаат. За тоа време, нивните партнери треба да размислуваат повеќе за себе.
Тој не сака да го етикетира односот
Воздржувањето од тоа да се нарече врска е разбирливо во првите недели од врската. Меѓутоа, ако сте заедно долго време, а тој сè уште не сака да ја дефинира вашата врска, тоа е јасен знак за предупредување. Маж кој е за заљубен, подготвен и способен за брак, нема да има проблем да ве нарече своја партнерка и да го направи чекор понатаму.
За време на разговорите не е јасен за иднината
Кога сте во врска со некого, природно е да зборувате за иднината. Како одминува времето, разговорот е нешто што станува сè поважно и поважно. Ако сте во врска со маж кој постојано ја менува темата, е нејасен или на друг начин избегнува да зборува за иднината, верувајте, тој не размислува за брачен живот. Ако ја избегне темата брак, можеби ќе сака да ве извести да не се надевате.
Не ги познавате неговите пријатели и семејство или ги гледате кога е неизбежно
Ако сте биле во врска долго време, веројатно ќе се сретнете со неговите пријатели и семејство. Меѓутоа, ако тоа не се случи, особено ако сте во врска многу години, тогаш нема што да барате со него.
Предложи брако, но не сака да одреди датум
Кога вашиот партнер навистина е возбуден за венчавката, тогаш јасно е дека би сакал за закаже датум. Но, ако е постојано одложува и минуваат месеци, па дури и години, тогаш треба да се запрашате.
Кажал дека не сака брак
Постојат мажи кои однапред кажуваат дека не сакаат да стапат во брак. Тој е искрен и директен, но проблемот е што овие луѓе оптимистички се обидуваат даги менуваат другите, дури и ако им пружаат љубов и топол дом. Во повеќето случаи, тоа не завршува добро и доведува до фрустрација.