
Прв пат во солариум ја однесе нејзиното момче, а од нејзиниот брат научи за инјекции на синтетички хормон кој го менува нивото на меланин во кожата и им овозможува на луѓето уште повеќе да потемнат кога користат солариум.
Хана Титензор (23) од Белфаст призна дека „се навлекла“ на темниот тен за време на тинејџерските денови и дека опсесијата станувала се поизразена – до степен до кој многумина мислат дека е црна, иако нема такви гени.
Таа вели дека користи специјални инјекции откако се фрустрирала со краткорочните резултати на разни производи за самопотемнување. Таа сега често лежи во солариум и купува инјекции на нелегалниот пазар „затоа што тенот и е многу поубав и сјаен“, признала таа.
Најпрво во солариум ја однел нејзиниот дечко Бен, а за инјекции кои содржеле меланотан, синтетички хормон кој ги менува нивоата на меланин во кожата и им овозможува на луѓето уште повеќе да потемнат кога користат солариум, научила од нејзиниот брат.
Нејзиното и момче исто така започна да ги користи овие инјекции на дневна основа.
– Единствениот несакан ефект, во првите неколку дена кога ќе почнете да го земате, е чувство на гадење што некако го потиснува вашиот апетит. Но, некои луѓе би рекле дека тоа е добра работа – вели оваа девојка опседната со изгледот.
– Други девојки велат дека не можат да живеат без нокти, а јас не можам да живеам без потемнување на кожата. Тоа ме радува – додаде таа.
Поединци на социјалните мрежи ја поддржуваат и ѝ кажуваат дека е убава, но секогаш има и такви што мораат да критикуваат, не можат да си помогнат.
– Луѓето ме напаѓаат преку Интернет. Ако напишете „blackface“ на Instagram или дури и на Google, ќе се појави моето име. Тие ми велат дека многу се трудам да бидам црна и дека се обидувам да ја сменам својата раса, а всушност само сакам да имам потемен тен. Не ми е грижа. Овие луѓе навистина не ме познаваат – додаде таа.
И покрај нејзините здравствени ризици, нејзината зависност од солариум и гореспоменатите инјекции не ја загрижува.
Хана призна дека направила естетска операција на градите, пренесува The Sun.